Институтот за комуникациски студии организира панел дискусија „Поефикасно комуницирање со граѓаните преку дигиталните медиуми“ која ќе одржи на 3о мај, среда, во ЕУ Инфоцентар почеток во 11.00 часот.
На настанот ќе се дискутира дали и колку е присутно рекламирањето на граѓанските организации на социјалните медиуми, придобивките од социјалниот маркетинг и етичките дилеми, како и можностите кои ги нудат новите медиуми во насока на поттикнување на општествена промена. Исто така, ќе биде промовирана веб платформа со онлајн ресурси, како и публикацијата „Како поефикасно да комуницираме со граѓаните преку дигиталните медиуми: Прирачник за граѓански организации“.
Панел дискусијата се организира во рамки на проектот ДигитАКТ: Комуницирање за промени подржан од програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“.
МЛ