Луѓе, луѓе!
Јас ви станав владетел, веднаш почнете да ме обожувате!
Искршете ги вашите „идоли“ после вашата заблуда, кога гласавте за мене,
бидејќи од сега натаму, ќе гледате само во моето теме!
Бидете трпеливи се додека не ме разберете, оставете ги своите деца,
гладни без леб, и мене слепо следете ме!Бидете му благодарни на Бога бидејќи Тој мене како благодат
ме испратил да ви ја испишам историјата,
затоа што без мене таа воопшто нема да постои а камоли да опстои!
Јас сум поубав и од Јосиф (Јусуф) и никој од вас нема златна коса како мене;
Моето чело е милост, а моите очи се како рајска градина со разнолико цвеќе,
Какво што вие во животот ваш мизерен нема да видите и затоа благословете ме,
Што подолго да останам меѓу вас и засекогаш дајте ми го вашиот глас.
Јас сум прв, праведен, најубав, јас сум генијален и сите вие, за мене,
сполајте му на Бога пред да добиете нога!
Кога и да си помислам дека од функцијата треба да се повлечам,
А кој ќе се грижи за овие кутри копилиња, во уста да им се мочам?!
Јас лечам шугав, слеп и лепрозен, кој освен мене животот ќе ви го стори до даска грозен!?
Кој ќе ви го камшикува достоинството и кој ќе ве распне на дрвото на понижувањето ако тоа не сум јас, да ве ебам сите у газ!!
Кој, освен мене, ќе ви овозможи да животарите како стока од лепешка извалкани, море мајмуни излажани!?
Очите ми се како црни облаци со гнев исполнети кога гледам како страдате без мене,
Не грижете се, уште нема да се отарасите од мене!
Вие сте моите коњи и знам дека копнеете да газам по вас и не бунете се, инаку
добро ќе ве исплескам по газ!
Затоа паѓајте пред мене наземи за да не ве пронајдам во мојата архива бидејќи,
Дури тогаш нема да ви оставам ниедна здрава тетива.
Сакате да читате и да ја развивате својата свест, бедници, не ме доведувајте
во состојба да ве ставам на тест!
Вашите зборови против мене се сотонско дело, не грижете се, о вие ѓаволски поети,
ќе ви скројам затворско одело!
Не се обидувајте да пцовисате без моја дозвола бидејќи тоа кај мене е голем грев,
пукнете тивко и не вознемирувајте го мојот најаден мев.
Тешките милиони на државата се наследство од мојот татко, затоа моето кодно име во подземјето со кое управувам е БАТКО,
а не некој си НИНЏА на којшто шефот му избега ко МИНЏА!
Се разбира дека после мандатот во парламентот треба да добијам луксузно работно место,
а вас, ма кој ве ебе, месете си го своето мизерно тесто!
Зимата дојде и многу е ладно, имате ли со што да се греете или не, та, тоа не е важно,
само дајте ми да пробам од најубавиот мед, инаку, не ви гинат комори од лед!
Ако некој се осмели против мене да изрази став, за Нова Година во Шутка ќе јаде грав!
Кога говорам-лажам; кога ветувам-не исполнувам; кога со вас се карам-претерувам,
За да се обезбедам себеси и семејството мое гомнаријата секогаш ќе ви ја дотерувам!
Додека не си ги наполнам џеповите дајте ми ги државните трпези и маси, инаку,
Да знаете, ќе има уште “наши и ваши “!
МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНИЈА! МАКЕДОНИЈА!
УЧК! УЧК! УЧК!
Хусеин еф. Адеми