поенитра: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ
Неодамна, министерката за финансии пред пратениците наброи повеќе цели што сака да ги постигне со буџетот за идната година. Таа, сепак, не знам дали намерно, испушти да нѐ информира која цел сака да ја постигне кога од буџетот, исто како и нејзините претходници, продолжува на илјадници т.н. административни службеници, без да се појават на работа, со години „платата“ да им се дозначува на домашна адреса.
Дали и ова, можеби, го смета за инвестирање во „човечки капитал“.
Инаку, до денес никому не му е познато кои услови треба да ги исполни дотичниот „службеник“, за да биде запишан во тој список.
БУЈАР ОСМАНИ НЕ ГО ИНТЕРЕСИРА…
Спротивно на ставот на сите странски фактори, Бујар Османи на ТВ ТЕЛМА изјави дека на Македонија освен законот за Обвинителство, не ѝ е потребна ниедна друга реформа.
Не го интересира Бујар што викаат:
– Бундестагот на Германија;
– Парламентарното Собрание на Советот на Европа;
– Брајан Хојт Ји;
– Амбасадорот Тимоние и лично Претседателот Макрон;
– Државниот министер во Министерството за надворешни работи на Германија Михаел Рот и многу други.
ПРЕДМЕТИТЕ НА СЈО МОРА ДА ПРОДОЛЖАТ
После неславниот и срамниот крај на Катица, сепак, хронолошки, потребно е да продолжат постапките против оние за кои до сега беа отворени. Не смее да се дозволи тие сега да се однесуваат како победници и невини жртви на политички прогон. Не смее да се заборави фактот дека десетгодишниот криминал и корупција, додека беа во заедничка власт, ја заробија и државата ја втурнаа во многу тешка кризна ситуација, од која, изгледа, ако вака се одвиваат процесите, потребен може да биде, после Охридскиот и Пржинскиот, уште и еден трет договор.
ПО КОЈА ЛОГИКА?
Многу би сакал да знам дали премиерот Заев го дели мислењето на неговиот заменик дека со тоа што сме пренеле 3.000 правни акти од законодавството на ЕУ, „по некоја логика тоа значи дека сега треба да сме завршиле една третина од преговорите, а ние не сме ги ни почнале“.
Инаку, според мое мислење, не 3.000, туку и сите 7.000 правни акти да сме ги пренеле од законодавството на ЕУ, користа од нив ќе биде рамна на нула, кога сите сме сведоци во која состојба се наоѓа правосудството во Македонија.
ИСТРАГАТА ЗА ПИШТОЛЏИЈАТА
Откако еден „лидер“ на партија на власт откри кој со огнено оружје не пукал на свадбата во Мала Речица, кога двајца млади беа ранети, по сѐ изгледа дека и истражната постапка за овој предмет, е прекината.
РЕДОСЛЕД…
Ќе се сметаше дека, не една третина, туку дури и една половина од преговорите сме ги завршиле, тогаш кога ќе се случи, Катица во Идризово да ја дочекаат сите тие што таа требаше да ги гони.