• Latest

Поголем дел од пожарите под контрола, хеликоптери од Србија и Словенија, ширење дезинформации и паника, портокаловата фаза продолжува

August 3, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поголем дел од пожарите под контрола, хеликоптери од Србија и Словенија, ширење дезинформации и паника, портокаловата фаза продолжува

August 3, 2021 17:50
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Поголем дел од пожарите под контрола, дел се сѐ уште активни

Според ЦУК, состојбата со пожарите во земјава до 13 часот е следнава: во скопскиот регион е активен пожарот кај село Градманци. Во Струмичко, шумскиот пожар кој се појави завчера кај местото Погана во Валандово на површина од 200 хектари, вчера мирувал сѐ до 17 часот, но со појавата на ветерот, тој повторно се разгорел и зафатил околу 100 хектари. И таму, состојбата се следи. За повеќе детали, прочитајте ТУКА.

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска информираше дека во секој момент се очекува од Србија да пристигнат четири хеликоптери на скопскиот аеродром, кои ќе бидат употребени за гаснење на пожарите во попладневните часови. Исто така, потврден одговор за помош при гаснење на пожарите има и од Словенија и Грција.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Ангелов: Од одредени центри вчера се појавија намерни дезинформации и ширење паника 

„Од одредени центри вчера се појавија намерни дезинформации, дека пожарот којшто во Кочани беснееше пред пет-шест дена не бил изгаснат и повторно се разгорел. Се работи за ноторна невистина. Вчера во Кочани се појави сосема нов пожар, на сосема друга локација од претходната, од сосема друга причина“, информираше Ангелов.

Втора дезинформација, која како што рече Анелов, бесрамно беше ширена од одредени авторитети, е дека ЦУК не презел ништо, што е целосно неточно. „За каков неангажман на ЦУК, зборуваме, кога уште од раните утрински часови, од 6 часот наутро, хеликоптерот беше полетан кон Нагоричани?“, праша Ангелов.

Тој оцени дека одредени центри и авторитети намерно ширеле дезинформации и паника.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОМОШ В.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска информираше дека во секој момент се очекува од Србија да пристигнат четири хеликоптери на скопскиот аеродром, кои ќе бидат употребени за гаснење на пожарите во попладневните часови. Исто така, потврден одговор за помош при гаснење на пожарите има и од Словенија и Грција.

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ  Поради зголемениот ризик од пожари од високите температури и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, како и големиот број локални пожари што се активни на терен, на барање на градоначалникот Шилегов, Владата на РС Македонија од денеска (03.08.2021, вторник) воведе целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора, соопштуваат од Град Скопје.

АРМ Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ кои во текот на вчерашниот ден беа ангажирани во гасење и локализирање на пожарот во реонот на Старо Нагоричане каде исфрлија повеќе од 50 тони вода, од раните утрински часови се ангажираа на пожарот кај Кочани, информира Министерството за одбрана (МО).

ЕКОНОМИЈА Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку Шпаркасе банка Македонија АД Скопје обезбеди нов финансиски пакет од пет милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност во домовите во рамки на Фондот за Западен Балкан за финансирање на зелена економија (ГЕФФ II).

ОБРАЗОВАНИЕ Наставничкиот пленум, со писма до министерот за образование Мила Царовска и до синдикатите СОНК (Синдикат за образование, наука и култура) и НСОН (Независен синдикат за образование и наука), соопшти дека бара зголемување на платите на наставниците во основното и средно образование и дека планира бојкот на наставата од почетокот на новата учебна година доколку нивните барања не се реализираат.

ПРОВЕРКА НА ФАКТИ Социјалната мрежа Твитер соопшти дека ќе соработува со Ројтерс и Асошиејтед Прес (АП), најголемите новински агенции во светот, со цел борба против дезинформациите, јави Би-Би-Си. Двете новински агенции веќе соработуваат со Фејсбук на проверка на факти.

ИМУНИЗАЦИЈА До 1 август, 31 отсто од возрасното население во земјава примило прва доза вакцина против ковид-19

ЦИВИЛ

#НаправиРазлика #ПочитувајГиРазличностите

Хисени: Со размена на искуствата ги надминуваме пречките

 

Смаиловиќ: Нашата земја е прекрасен колорит од различности

Хоџа: Слободите не доаѓаат како право дадено од Бога, туку како одговорност што треба да се негува

„Целата поента на лажните вести и дезинформациите е да не се верува дека крави летаат во Русија, да се намали довербата во вистинските вести во Германија, за германската внатрешна политика, локалната политика, родовите прашања, миграцијата, бројките за миграција, бројките за состојбата со пандемијата, инфекциите, вакцините, ефективноста на вакцините. Кога го велам ова, не можам а да не се сетам на нешто што веројатно го знае д-р Розман, нешто што се нарекува „зајакната демократија“ или „милитаристичка демократија“, изјави Абит Хоџа, истражувач на Нордискиот Институт за Медиумски студии на Универзитетот Агдер  на Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права“, што се одржа во Скопје на 28 јули, 2021.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Олимписките спортистки и спортисти, освен славата и признанијата, добиваат и парични награди, но дома. На олимпискиот пиедестал добиваат медали и светско внимание. Олимписките комитети во државите или владите се тие што ги наградуваат спортистите со чии олимписки медали може да се возгордее секоја земја во светот.

Така и нашиот сребрен олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски, освен аплаузите и медалот од светската спортска арена, ќе добие 2 милиони денари од Владата. Или, кога веќе тргнавме со доларската валута, Георгиевски, со одлука на Владата, ќе биде награден со околу 50.000 долари, и Град Скопје.

Како тоа изгледа во светот? Со прелистување на интернет извори, ќе дознаеме дека Американскиот олимписки комитет одобрува 37.500 долари за секој златен медал, 22.500 долари за сребрен и 15.000 долари за секој бронзен медал. Сепак, буџетот за награди за олимписките спортисти кои дома однеле медал, во случајот со САД, достигнува вртоглави, милионски суми. Само во 2016 година, спортистките и спортистите на САД од олимписките терени во Атина, однесоа 46 златни, 37 сребрени и 28 бронзени медали. Удрете математика, ама внимателно, молам, знаете дека имаме еден многу прецизен математичар во државата.“, извадок од коментар на  Џабир Дерала – „Како се наградуваат олимписките спортистки и спортисти?’

„Цели две, три децении со разно разни финти и коалиции се шлепаат низ македонската плурална сцена. И не е проблемот во тоа што земјава е веројатно светски рекордер по бројот на политички партии по глава на жител, туку фактот што речиси ниту една од нив, од тој таканаречен идеолошки центар со минорно влијание, не порасна. Што конкурентно не загрозија ниту една од таканаречените големи партии кои на македонскиот политички простор, со одредени инклинации, доминираат веќе цели две, три децении. Ниту една од цел еден сноп џуџести партии кои минаа неброени, што редовни, што предвремени изборни циклуси, не успеа да се наметне како доминантен партиски фактор.

Ниту една. Како оние десните од грстот партии со префиксот „ВМРО“, така и она мноштво центристи со атрибутот „демократски“, така и оние на помалите етнички заедници. Сите тие, најголемиот број од нив, си останаа, од избори во избори, да се прпелкаат во сопствената партиска немоќ.

Оттука, ако се погледне големата македонска партиска слика, летвичка за изборниот праг можеби би требало да се подигне дури повисоко од најавените два проценти. Впрочем, демократијата не е безгранична слобода, туку сплет од норми, правила, вредности.“, извадок од месечната анализа на Зоран Иванов „Меѓу паранојата, популизмот, попустливоста, клиентелизмот и Отворен Балкан“.

Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ