„Мојот став е да се влезе во Европа, сите ги повикувам, па и моите сопатријци од ВМРО-ДПМНЕ, што се од другата страна, да знаат луѓето што е Европа, а да не останеме црна овца тука со 12 илјади плата“ вели еден граѓанин на Неготино на прашањето „Каков е вашиот став за референдумот“ на ЦИВИЛ Медиа.
Тој вели дека не треба да има омраза, и ги моли сите политичари да ја наведнат главата, дури и Христијан Мицкоски, и да ги повика сите да гласаат.
„Оваа ни е последна шанса, јас имам 73 години, вакво нешто никогаш немало. Кога ќе влеземе во Европска Унија ќе имаме здравство, пасоши, нашите деца нема да треба да вадат бугарски пасоши“, вели тој.
Според него секоја власт вработува свои луѓе, како и претходнита, така и оваа, и доколку би влегле во ЕУ тоа ќе се промени.
А. Петровска
камера: А. Петровски