Полицијата синоќа пронашла десет илегални мигранти, при контрола на возилото марка „Опел Омега“ со скопски регистарски ознаки управувано од 53 годишниот И.М. од Арачиново, на aвтопатот Велес – Скопје, кај местото викано „Штипска клучка“.
Како што информираат од СВР Велес, се работи на расчистување на случајот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава против И.М. од Арачиново.