• Latest

Пописот и вакцинацијата мета на лажни вести и дезинформации, се здружи опозицијата, расте бројот на загинати во Кабул

August 27, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пописот и вакцинацијата мета на лажни вести и дезинформации, се здружи опозицијата, расте бројот на загинати во Кабул

August 27, 2021 16:52
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Бројот на загинати во експлозиите во Кабул се искачи на 110

Бројот на загинати во експлозиите на аеродромот во Кабул, кои вчера беа предизвикани од бомбаши самоубијци, се зголеми на најмалку 110, пренесува „Ал Џазира“.

Тасс наведува дека неколку илјади луѓе се уште се наоѓаат на аеродромот, во исчекување да го напуштат Авганистан.

Претходно денеска, талибанците соопштија дека најмалку 28 нивни членови загинале во бомбардирањата на аеродромот во Кабул, додека британските медиуми соопштија дека во нападите загинале најмалку 13 американски војници и 90 цивили.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

„Врз основа на епидемиолошката состојба ќе се види какви мерки ќе има во наредните месеци кога ќе има попис и локални избори, но, ако се почитуваат протоколите нема да има проблеми, оцени министерот за здравство Венко Филипче од Тетово на новинарско прашање дали ќе има промени во мерките и поради овие два процеси.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КОАЛИЦИЈА На денешната средба на лидерите на опозициските партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на која главна тема беа претстојните локални избор, тројцата претседатели ја констатираа неопходноста од договор за заеднички настап на локалните избори.

КАНДИДАТУРА Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Куманово на претстојните локални избори на 17 октомври.

ОБРАЗОВАНИЕ Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција во Тетово со градоначалничката Теута Арифи, рече дека наставата во средните училишта на 1 септември ќе почне онлјан и така ќе се одвива две недели, а како ќе се одвива понатаму ќе зависи од развјот на состојбата. Наставата во основните училишта, пак, на 1 септемри ќе почне со физичко присуство.

ПОДДРШКА „Северна Македонија е пријател на Словенија. Местото на Северна Македонија е во Европската унија, Словенија ќе направи се што е во нејзината моќ да станете што побрзо полноправна членка на ЕУ. Ја имате целосната поддршка на Словенија. Ќе се потрудиме да им кажеме на нашите бугарски пријатели дека и во нивен интерес е Северна Македонија да стане членка на ЕУ“, истакна Матеј Тонин заменик премиер и министер за одбрана на Словенија, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, на заедничката прес – конференција во Охрид со неговиот домаќин министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

ИНИЦИЈАТИВА: НАПРАВИ РАЗЛИКА, ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

„Јас имам мешано етничко потекло. Меѓу моите предци има Албанци, Турци, Хрвати. Подлабоко во минатото, моите предци влечат корени – од Блискиот Исток до Италија. Еден мој пријател, писател од Белгија, пишувајќи за мене, тоа го нарече Salad Macédoine во една своја книга за Балканите“, истакна Џабир Дерала во Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“.

„Цел живот сум опкружен со луѓе од најразлично потекло. Говорат на различни јазици, одат во различни храмови, некои се атеисти, некои се верници, имаат различни обичаи, слушаат различна музика…

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни изборни набљудувачи

ЦИВИЛ отвори повик за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Повикот ќе биде отворен до 30 септември 2021 година, но на заинтересираните им се препорачува да се пријават што поскоро. ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА.

МОНИТОРИНГ НА ЦИВИЛ

„Левичарите“ со спонзорирана кампања против пописот, со дезинформации ги заплашуваат граѓаните со „косоваризација“

Членови и истакнати активисти и функционери на политичката партија Левица, со сите расположливи средства, вклучувајќи и пари и платени постови на Фејсбук, дезинформации и поттикнување на меѓуетничка омраза, се обидуваат да му наштетат на пописот. Односно, како што гласи една објава на социјалните мрежи од анонимен-бот профил, „Паѓа попис, паѓа Влада“. Ова јасно укажува дека бојкотот на пописот од страна на овие радикални националисти маскирани во „левичари“ не е од патриотски, туку од политички и националистички побуди.

Лажна вест е објавата на наводна докторка дека 8 од 10 заболени се ревакцинирани со 2 дози

Порталот Булевар.мк шири лаги и дезинформации во врска со вакцинирањето против Ковид-19, објавувајќи вест со наслов: „БОМБА НА МАКЕДОНСКА ДОКТОРКА: Од 10 заболени вчера ревакцинирани со 2 дози се 8“.

Во текстот, освен лаги и манипулации, нема ниту еден конкретен доказ или аргумент. Не е напишано ниту името и презимето на „чесната докторката“ што ја споделила наводната информација, ниту каде работи итн.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ