Премиерот Зоран Заев и министерот Роберт Поповски на синоќешната дебата посветена на „Две години Влада – Одговорно пред граѓаните“, на Отворено на прашањето за промените коишто следуваат во Националната радио телевизија рекоа дека низ една транспарентна и отворена постапка ќе се случуваат промените за да се изнајдат најквалитетните решенија.
„Ја повикувам јавноста и медиумите да го следат изборот на програмски совет на НРТВ и АВМУ, следува процес во Собранието“, рече министерот Поповски.
„Програмскиот совет на НРТВ ќе се избере на транспарентна постапка кој што ќе назначи директор и уредници. Изборот ќе оди слично како и за ДКСК, преку бодување и јавност“, додаде премиерот Заев.
Д.М.