• Latest

Пораки од промоцијата на двегодишната стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот

July 21, 2021
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пораки од промоцијата на двегодишната стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот

July 21, 2021 12:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната промоција на „Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023“, што се одржа во Клубот на пратеници во Скопје, се пренесоа неколку пораки.

Новата двегодишна стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот ќе испрати порака дека организираниот криминал е неисплатлив, така што паралелно со криминалистичката истрага за делата како што се недозволена трговија со дрога, криумчарење мигранти, тероризам и злоупотреба на службена положба и овластување, ќе се трага и по висината на приносите од нелегалните активности, што ќе резултираат со навремено определување привремени мерки и обезбедување на нелегално стекнатиот имот со цел негова подоцнежна конфискација со судска одлука.

Со Стратегијата ќе се зајакне интероперабилната соработка меѓу сите надлежни институции коишто учествуваат во процесот на финансиски истраги и конфискација на имот произлезен од кривични дела, така што ќе се зајакне нивната дигиталната поврзаност и навремена размена на податоци, како и кадровските и институционални капацитети на органите и нивна координација и меѓуресорска соработка во следење на протокот на пари и нивно прикривање и пренесување.

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, рече дека гарант за целосно и навремено имплементирање на предвидените активности во следните две години е формирањето на Национална комисија за следење на националната стратегија и на нејзиниот акциски план.

„Основната цел на стратегијата 2021-23 е да придонесе за зајакнување на капацитетите на сите национални надлежни институции и на нивна координација и соработка во водењето на финансиските истраги и следењето на текот на парите, како и откривање на можно прикривање и пренесување на нелеглано стекнат имот. Активностите ќе придонесат за надминување на проблемите во правната и институционална рамка во однос на спроведувањето на финансиските исграи. Стратегијата предвидува поттикнување на проактивност на институциите вклучени во финансиските истраги со што овозможува водење на паралелна финансиска истрага со криминалистичката истрага. На овој начин се елиминираат ризиците од прикривање, распродажба или изнесување на противправно стекнат имот надвор од државата“, изјави Николовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, рече дека стратегијата е насочена кон спроведување на меѓуресорски координирани финансиски истраги со цел идентификување и следење на приходи и приноси, имот и имотна корист, во земјата или во странство, а кои ќе се спроведуваат паралалено со криминалистичката истрага.

– Целосно сме посветени на градење систем кој испраќа порака дека криминалот е неисплатлив и тоа со негово сузбивање преку ефективна идентификација, финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнатиот имот или имотна корист, нагласи Спасовски.

Финансиските истраги во МВР, посочи тој, се водат од Единицата за финансиски истраги формирана 2020 година и полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, а веќе се водат финансиски истраги против 67 физички лица и 16 правни лица.

– Додека криминалистичката истрага има за цел прибавување докази за утврдување на вината на лицата инволвирани во недозволените активности, финансиската истрага е насочена кон пронаоѓање и обезбедување на докази за видот и висината на имотот, имотната корист и приносите прибавени со кривичните дела. Најголем дел од отворените финансиски истраги се поврзани со недозволена трговија со дрога, криумчарење на мигранти, но и кривични дела поврзани со тероризам и злоупотреба на службена положба и овластување, изјави Спасовски.

Следејќи ги искуствата на земјите од ЕУ, ќе го измениме Законот за внатрешни работи, така што ќе се предвиди процент од конфискуваниот имот во постапката во која учествувал МВР да биде вратен во буџетот на Министерството и тие средства да бидат искористиени во јакнење на капацитетите надлежни за водење на ваквите истраги, додаде Спасовски.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, на презентацијата на клучните сегменти од Националната стратегија, оцени дека ефикасните меѓуресорски истраги во однос на нелегалните имотни приноси во земјата и странство паралелно со кривичната истрага ќе резултираат со навремено определување привремени мерки со детално определен опис и проценка на вредноста на имотот и имотната корист со цел подоцнежна конфискација со судска одлука.

– Со тоа во потполност би се остварила целта на кривичниот прогон. Со докажување дека кривичната постапка не е само казнување на сторителот, туку докажување дека никој не може да ја задржи директната и индиректна имотна корист прибавена на незаконит начин, истакна Јовески.

Од посебно значење во борбата против криминалот, посочи Јовески, е функционирање на екипирани и дигитализирани истражни центри, како и стручни и оспособени истражители од различни профили кои ќе обезбедат ефикасни предистражни и истражни постапки.

– Во таа насока во соработка со Академијата на судии и јавни обвинители и проектот од германското друштво за меѓународна соработка спроведени се циклус на тренинзи и менторства за водење паралелни финансиски истраги насочени кон зајакнување на капацитетите на единиците на правосудната полиција, јавното обвинителство и другите надлежни државни органи, кои учествуваат во водењето финансиски истраги, изјави Јовески.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ