Од порталот 444, кои во петокот се обидоа да го прашаат Груевски за што била средбата, велат дека немаат информација што точно било разговарано, а на прашањата до унгарското МНР, им било одговорено дека не е невообичаено претставници на унгарските власти да се среќаваат со поранешен премиер. Груевски пак, веднаш по тајниот состанокот во петокот присуствувал на Бизнис настан наречен “Будимпешта бизнис забава”.
,,Беа господинот Груевски и уште двајца други во станот. Едниот од нив изгледаше како телохранител, но третиот беше претставникот на МНР Иштван Јо. Изгледа дека господинот Груевски се сретнал со него, за што разговарале не сме сигурни. Испративме неколку прашања до МНР, за тоа зошто се среќаваат со Груевски, колку често се среќаваат, зошто се сретнаа во овој чуден стан до нашата канцеларија, но добивме одговор дека не е невообичаено да има ваква средба.
На излегување од станот, Груевски не сакаше да дава изјави за новинарот, и се упати кон возилото на кое како што пренесоа унгарските медиуми било со ознака дека е сателитски следено.
Тајната средба на Груевски ќе останела далеку од очите на јавноста, доколку станот во кој се одржувала средбата, не бил до редакцијата на унгарскиот портал 444. Новинарот кој се обиде да му постави прашања на Груевски, за Канал 5 раскажува дека неговите колеги биле вџашени, кога на паузата која ја имале го забележале екс премиерот како влегува во станот до нивната редакција.
,,Нашата редакција е на тоа место повеќе од 5 години, Дел од моите колеги се пушачи, јас не сум, и тие само стоеле пред станот пушеле цигари, и сосема случајно го забележале. Излеговме веднаш со камери и го чекавме цел час. Беше чиста среќа за нас, за него несреќа сигурно.
Во вторник македонското Собрание ќе заседава за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, по неговото шестмесечно неоправдано отсуство.
А.М.