Поранешниот пратеник и висок функционер на ДУИ Хајрула Мисини кој во 2001 година беше и портпарол на ОНА, денеска си даде оставка од партијата.
Во јавно писмо познатиот Командант Шпати потенцира дека е разочаран и нема да биде веќе дел од ДУИ.
„Почитувани граѓани, запрепастен и крајно разочаран ја известувам јавноста дека од денеска не сум член на Демократската Унија за Интеграција и на ниту една политичка партија. Исто така им се заблагодарувам на сите оние со кои сум соработувал цело време додека сум бил дел од раководството на Демократската Унија за Интеграција! Со почит за вас!”, пишува Мисини.
Тој беше пратеник на ДУИ во два мандати и еден од најистакнатите функционери особено во Кумановскиот регион.
А. З.