Categories

УЈП Последен ден за регистрирање во системот за електронска даночна пријава

Денеска во 16:30 часот истекува рокот за регистрирање на граѓанките и граѓаните во системот за електронска даночна пријава. 

Од Управата за јавни приходи информираат дека во последните десетина дена огромен број на граѓаните ја завршиле оваа обврска. Според последните податоци од саботата попладне во системот за Е-персонален данок беа регистрирани околу 650.000 граѓани.

За досегашниот тек на регистрација од УЈП се задоволни и наведуваат дека не се забележани посериозни проблеми.

Денеска прием на барања ќе се врши во општина Чаир, но и останатите даночни канцеларии на Управата за јавни приходи.

М. И.

Print Friendly, PDF & Email