Собраниската Комисија за уставни прашања денеска треба да ја започне дeбатата за уставните нацрт-амандмани. Ова е трета и последна фаза од постапката за промена на Уставот, согласно Договорот од Преспа.
Уставната комисија треба да ги разгледува четирите нацрт-амандмани, и Извештајот на Владата од јавната дискусија за нацрт-амандманите, а потоа како втора точка е ставен Предлог-уставен закон за спроведување на амандманите на Уставот на Република Македонија.
Откако ќе завршат комисиските расправи, следува пленарна седница. Претседателот на Собранието, Талат Џафери најави дека пленарната седница треба најрано да биде закажана на 9 јануари идната година, а гласањето да се случи на 15 јануари.
За да поминат уставните измени повторно е потребно двотретинско мнозинство, а за амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.