Categories

ЗАБЛУДИ Постојат луѓе кои што веруваат дека Земјата е рамна

Постојат луѓе што веруваат во теоријата за рамна Земја, па организираат конвенции, прават снимки, свикуваат состаноци и разговараат за тоа како да ги убедат сите дека Земјата е рамна. Нивната најнова одлука е да одат на Антарктикот и да го најдат работ на светот.

„Не веруваме дека нешто може да падне од работ бидејќи голем дел од оние што веруваат дека Земјата е рамна веруваат дека сме во купола, како снежна кугла. Па, Сонцето, Месечината и сите ѕвезди се внатре. Многу се високо, но се внатре. Така, нема шанси да паднете од Земјата“ – изјави Роби Дејвидсон, еден од организаторите на експедицијата.

Нивниот план е да дојдат до „крајот“ на Антарктикот и на тој начин да докажат дека постои раб на светот, односно место каде што сè завршува. Според нив, Џејмс Кук во 1773  година дошол до голем ѕид од мраз на Антарктикот и не можел да најде пат околу него. Пловел со денови и минал повеќе од 96.000 километри, барајќи дупка во ѕидот низ која би можел да премине на другата страна, но никогаш не ја нашол, тврдат тие. На ледениот ѕид му немало крај. Токму поради оваа експедиција и слични такви експедиции, тие веруваат дека не постои ништо од другата страна на ѕидот и дека таму е работ.

Сè уште не е одреден точниот датум на експедицијата, а многумина со нетрпение ги очекуваат резултатите бидејќи тие одново ќе покренат многу дебати.

Еве, од каде и некои „големи умови“ од земјава наоѓаат инспирација…

А. М. 

Print Friendly, PDF & Email