Регионална конференција на тема „Поттикнување економски раст преку развој на човечкиот капитал во земјите од Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Скопје.
Конференцијата е во организација на Министерството за финансии и Светска Банка.
На конференцијата свое обраќање ќе имаат премиерот Зоран Заев, заменик-претседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер и министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Конференцијата е по повод одбележување 25 години од соработката на СБ со Македонија.