Во Собранието на Република Македонија денеска 16 часот пратениците ќе водат расправа за Законот на Антикорупциска.
Во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи македонско- бугарски форум за кој иницијатори се вицепремиерот Кочо Анѓушев и бугарскиот председател на Советот на министри на Република Бугарија, Томислав Дончев. Се очекува присуство на над 50 претставници на компании од Република Бугарија и на уште поголем број претставници на македонски компании. Овој форум е прв по потпишувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка на двете земји. Компаниите ќе имаат можност да остварат меѓусебни средби за време на форумот, со цел интензивирање на меѓусебните.
По изгласувањето на доверба на владата, на грчкиот премиер Ципрас му претстои гласање за Ратификацијата на договорот од Преспа.
Државната изборна комисија во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи, ИФЕС, а финансирана од УСАИД организира стручна тркалезна маса на тема „Примена на нови технологии во изборните процеси”.
Настанот ќе се одвива во хотелот „Холидеј Ин“, а во 9:30 часот ќе го отворат претседателот на Државната изворна комисија, Оливер Деркоски и потпретседателката на Собранитето на Република Македонија, Фросина Ременски Ташевска.
Ј.М.П.