Граѓанскиот ресурсен центар организира дебата на тема „Повеќекратната дискриминација – предизвици и можни решенија“. Дебатата ќе се одржи на 28 март, четврток, со почеток во 11 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. На дебатата ќе се презентираат законската рамка, моменталната состојба, искуствата и практиките на справување со повеќекратната дискриминација. Дополнително дебатата ќе отвори и дискусија за мерки за справување со повеќекратната дискриминација, посебно интер-секциската дискриминација.
Повод за дебатата е новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација што треба да обезбеди поефикасна заштита од дискриминација и промоција на еднаквоста.
На дебата ќе говорат Жанета Попоска, Мисија на ОБСЕ во Скопје; Ѓултен Мустафова, Министерство за труд и социјална политика и Игор Јадровски, Хелсиншки комитет за човекови права.