• Latest

Повеќето пожари ставени под контрола, дел од нив сѐ уште активни 

August 3, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Повеќето пожари ставени под контрола, дел од нив сѐ уште активни 

August 3, 2021 17:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Сѐ уште  се активни пожарите над селото Градманци во скопскиот регион, но и во кумановскиот и штипскиот регион. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот кај селото Бели е целосно изгаснат, а охридскиот е ставен под контрола. На терен сè уште се присутни пожарникарите и екипите од Армијата.

ЦУК информира дека до 13 часот денеска, во скопскиот регион е активен пожарот кај село Градманци. Во Струмичко, шумскиот пожар кој се појави завчера кај местото Погана во Валандово на површина од 200 хектари, вчера мирувал сѐ до 17 часот, но со појавата на ветерот, тој повторно се разгорел и зафатил околу 100 хектари. И таму, состојбата се следи.

Дел од пожарите над селата Брајковци и Балинци се сѐ уште активни и екипи се распоредени покрај овие села.

Во кумановскиот регион, покрај постоечките, во 07:40 се појавил нов пожар во село Бељаковце, каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума и е ангажирана екипа на ТППЕ Куманово.

Во Старо Нагоричани е активен пожарот во селото Кокино, с.Арбанашко – местото Рамно и пожарот во  с.Дренок. Во општината гори висока борова и дабова шума, габер, сува трева и нискостеблеста мешана шума, велат од ЦУК. Од утрово, на терен се ТПП Единица Старо Нагоричане и полицајци од СВР Старо Нагоричане, Армијата, вработени од Ш.Стопанство и мештани од Старо Нагоричане.

Во охридскиот регион, пожарите во околината на Делогожда -Струга и с.Девич – Македонски Брод се локализирани и ставени под контрола.

Во Битолско, зафатена е сува трева, појаси и меѓи со Општина Прилеп, во атарот на с.Канатларци и с.Подмол, а зафатена е и корија во атарот на с.Подмол.

Пожарите се под контрола, а сè уште е активен пожарот кој зафати шума во атарот на селот Топлица.

Во штипски регион, активен и проширен е пожарот кај Бајаз Тепе. Интервенираат екипа на Ш.С. Равна Река  и ШС Малешево со теренски возила со цистерни, ТППЕ Берово и луѓе од месното население. Гори дабова и борова шума, нискостеблести растенија, стрништа и пасишта и во Малишевијата.

Пожарот кој избувна вчера во атарот на с.Нов Истевник уште е активен и зафатил околу 30 хектари. Во гаснењето на пожарот кај Голак, Делчево, е ангажирана Армијата и Шумското стопанство Голак од Делчево, Екипи работат на контрола и гаснење на пожарот и кај атарите на општините Берово и Пехчево.

Пoжарот кој се појави вчера кај село Бели, целосно е изгаснат, а во гаснењето учествувале противпожарните екипи од Кочани, Штип, Свети Николе, Кавадарци и Скопје., војници и месно население.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ