Седницата за уствани измени која започна во 13 часот е одложена за во 15 часот, јавува нашата колешка Биљана Јордановска.
Неофицијално, причината за одложувањето на седницата е непостигнатиот договор за барањата на Беса.
Во меѓувреме пред Собранието започна протестот против уставните измени на кој присуствуваат значително помал број демонстранти.
Вчера со 78 гласа „за“ беше усвоен дневниот ред меѓу другото се и предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите.
Д. Муратов