Утрово околу 9:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронската адреса на седум училишта во Скопје била упатена закана за поставена експлозивна направа.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР за ЦИВИЛ Медиа.
Утрово само што започнала наставата во средното училиште „Јосип Броз Тито“ повторно имало дојава за бомба. По оваа информација, учениците веднаш се евакуирани и пуштени надвор од училиштето.
Ова е осма дојава за бомба, а првата се случи истиот ден кога во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен. Инаку, сите дојави за бомби досега беше утврдено дека се лажни.
Д. М.
Фотографија: Биљана Јордановска