Пожар утринава избувнал во затворот Идризово во Скопје.
Пожарот бил пријавен околу 4 часот, а изгорела кровна конструкција.
Интервенирано било со едно возило и четворица пожарникари, а пожарникарите го совладале за еден час.
Според информациите направена е штета од 15.000 денари. Нема информации за повредени лица.
Се очекуваат повеќе детали.
М. И.
фотографија: Дехран Муратов