Денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ е: Што ја одбележа 2024 година?
Изминува една од потешките години во сеќавањето на светот. Имаше и настани што влеваат надеж.
Што, според вас, ја одбележа годината што изминува?
Како ќе ви остане во сеќавање?
Учествувајте. Бидете дел од одговорот.
Со учество во сегментот #ПрашањеНаДенот, секој има можност да учествува во нашите заеднички напори да посочиме на клучните прашања со кои се соочуваме во секојдневниот живот, но и да се обидеме да споделиме мислења и совети едни со други, да споделиме искуства, да посочиме кон решенијата.
ВКЛУЧЕТЕ СЕ.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа