Скопјани викеднов останаа без автобуски превоз, чекајќи со часови на студот и на крај да повикаат такси, пријател, роднина за да стигнат на одредена дестинација. На полноќ од ЈСП пристигна соопштение дека од денеска автобусите ќе редовни и во полн капацитет.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за јавниот превоз во Скопје?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа