Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД, според ПР службите присуствувал на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Мицкоски, како што информира владината прес-служба, на инаугурацијата беше придружуван од министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков. Но, дека се во Вашингтон се пофалија и министерот за здравство Арбен Таравари и претседателот на Собрание, Африм Гаши и други функционери.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за посетата на речиси пола Влада во Вашингтон?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа