Комисија за човекови права, родова рамноправност, исчезнати лица и петиции на косовскиот Парламент предводена од претседателката Дуда Баље денеска ќе престојува во посета на македонското Собрание.
Пратениците од косовскиот Парламент ќе имаат средба со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, со членовите на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија и со претставници на Клубот на пратеничките. (МИА)