• Latest

Пратениците попладнево ќе расправаат за потпретседателите на Собранието

September 30, 2020

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците попладнево ќе расправаат за потпретседателите на Собранието

September 30, 2020 15:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Собранието денеска попладне се очекува да ја продолжи седницата на која ќе се расправа за предлог-одлуката за потпретседателите на Парламентот. Предлог-одлуката за петмина потпретседатели ја поднесе претседателот на Собранието Талат Џафери, кој на денешната средба со новинарите кажа дека на координативната средба пратеничките групи се согласиле да продолжи оваа седница. До завршување на расправата, како што појасни Џафери, пратениците може да поднесат амандаман за промена на оваа одлука а тој како предлагач да се изјасни за неа, пренесува МИА.

-Усогласено е седницата да продолжи, а за персоналниот состав ќе остане волја на на политичките партии, рече Џафери.
Според Деловникот, опозицијата има едно потпретседателско место, двајца предлага Комисијата за избори а другите две се на мнозинството.
На седницата закажана за претпладнево се петте одлуки за вонредна состојба на претседателот Стево Пендаровски што во законодавниот дом треба да бидат потврдени со двотретинско мнозинство. Опозицијата на координацијата не се изјаснила како ќе гласа за овие одлуки, но според Џафери, денеска за нив нема да се гласа. Седницата најверојатно ќе биде прекината по точката за Информацијата за состојбите со лозаропрерабоѕувачкиот сектор во 2020 на ВМРО ДПМНЕ, за да се овозможи да се одржи јавна расправа.
-Соодветно на одредбите од Деловникот одлуките се ставени на дневен ред. Во однос на определбите на пратениците ставовите ќе ги кажат на самата седница. Засега немам официјален став ниту од една од пратеничките групи, особено од опозицијата. И во секој случај потребно е двотретинско мнозинство за потврдување на истите како одредба од Уставот, рече претседателот на Собранието.
За тоа што доколку не бидат донесени, Џафери рече дека надлежност за тоа има друга институција.
Џафери најави одржување и средба во рамки на процесот Жан Моне, но ќе се процени дали таа ќе се одржи со физичко присуство или онлајн. На овие средби ќе се продолжи со работа за промена на Деловникот, а ќе се отворат и нови прашања поврзани со верификација на мандатите и конституирање на Парламентот, нешто што беше наметнато во јавноста по последната конститутивна седница.
Собранието во идните месеци останува да функционира на истиот начин, односно пленарните седници ќе се одржуваат во Салата со Голема купола, а броењето ќе биде рачно. Поради протоколите за превенција на Ковид -19, се бара начин како медиумите да ги следат седниците на собраниските комисии за што Џафери денеска ќе има состанок со претседателите на овие тела
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ