„2018 година беше многу интезивна година за Министерството за труд и социјална политика. Зацртавме голем дел од работите што беа во програмата на Владата. Тоа значи дека голем дел од стечајците треба да бидат обештетени, дека треба да следиме како беше покачувањето на минималната плата, донесовме програма за раст на платите во државата помеѓу 18 и 20 илјади денари… Започна и процесот на динституализација и во одредена мера завршивме со дел од институциите не се во функција“, изјави Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика во разговор со ЦИВИЛ Медиа за Перспективи 2019.
Царовска изјави дека најголeм дел од обврските што ги преземале МТСП ги завршило во 2018 година и дека во оваа година ќе можат да се видат ефектите од постигнатото.
„Очекувам дека некои закони ќе се донесат многу скоро. Особено што гледам дека во Собранието Законот за детска оштета, Законот за социјална заштита на стари лица, Законот за недискриминација, тој повеќе од 6 месеци, уште чекаат на донесување. Јас очекувам сите пратеници со национален консензус конечно да се согласат дека тие реформи се потребни во нашата држава“, изјави Царовска за нејзините очекувања во 2019 година.
„Кога вие ја намалувате сиромаштијата одредена група на граѓани ја приближувате до останатите и сите ние заеднички живееме во поеднакво, подобро и поквалитетно општество“, рече Царовска.
Биљана Јордановска
Камера и фотографија: Ариан Мехмети