Министерството за труд и социјална политика воведува Правилник за листата за видовите телесни оштетувања врз основа на кои се стекнува со правото на паричен надоместок и процентите на оштетувањата воведуваме надоместок и за жените коишто имаат обострана ампутација на дојка. Досега право на надоместок имаа само жените со еднострана и обострана радикална ампутација на дојка. Воведувањето на ова право од пензиско инвалидско осигурување е на барање на повеќе Здруженија на жени за борба против ракот на дојка.
Како што велат од МТСП, во Правилникот се оведува и табеларно прецизно утврдување на острината на видот и процентите на телесно оштетување според острината на видот.