УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Во овој миг Мицковски веројатно добива укори од неговите мецени, политичките и оние другите, зошто му пропадна и последниот од многуте обиди да ја спречи актуелната коалиција да остане во зградата на Илинденска број 2. Ако се гледа објективно, машинскиот инженер, татиниот студент, бележи серија на неуспеси од почетокот на неговата лидерска кариера во стратегијата која може условно да се нарече – „копирај ја шарената револуција“. Требаше во тие обиди да предизвика излегување на толпи народ на улица и низ некаков замислен поход на институциите да ја дестабилизира политичката ситуација, при тоа да не подржува ништо во Парламентот, да одржува атмосфера на „отсуство заради Ковид“ во судските коридори … а при тоа не се добива впечаток дека лидерот навистина поседува некаков креативен момент во себе си, туку едноставно е „греач на столчето“., читајте во новата колумна на Љубомир Костовски „Уште не седнат на фотелја, Ковачевски води против Мицкоски со 1:0“.
„На Источната река веројатно паѓаат од смеа за овие балкански хирови. Се разбира, тоа онака под маса, тивко и дипломатски, а бугарската јавност пак, по ова може мирно да спие без страв дека нашите два тенка и ниту еден воен авион би можеле да ги изненадат со некоја ненајавена ноќна воена агресија.“, прочитајте во колумната на Зоран Иванов „Сепак се движи“.
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Денешниот Утрински брифинг од 7.30 до 11 часот е во тек!
„Утрински брифинг“ е местото каде секој работен ден од 7.30 до 11 часот, низ динамична програма со актуелни информации, анализи и разговори со гости, се поставува општествено-политичката агенда на денот.
Брза пошта, ВАША рубрика во Слободна зона: Останете гласни!
Неодамна, Цивилмедиа.мк воведе нова рубрика – „Брза пошта“, каде што авторките и авторите можат да ги овековечат своите мисли, белешки и пораки. Во трката со времето, често се нема време за пишување долги и елаборирани коментари и анализи, а потребна е брза реакција. Затоа, Редакцијата одлучи да отвори таков простор кој може да послужи и како своевидна комуникациска алатка, размена на мисли и пораки, но и вовед во пошироки анализи и мислења.
НАСТАНИ
ПРОЕКТ: Проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ организира фокус група со претставници на граѓански организации вклучени во следењето на работата на јавните институции. Проектот е на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и ја завршува третата година од својата реализација .
ПРАЗНИК: Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со Ковид-19, годинава продолжува вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст. Манифестацијата ќе се одржи на мостот „Слобода”, кај хотел „Холидеј ин”.
КОВИД ПРОТОКОЛИ: Заради ситуацијата со ковид 19- пандемијатаГерманија ја врати Северна Македонија на листата на ризични земји,Со најновата одлука на германските власти, од македонските државјани при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување потврда за вакцинација или за прележан Ковид или негативен ПЦР тест. За лицата кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10-дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена.
КУЛТУРА: НУ Драмски театар – Скопје од 20 јануари 2022 година, со претставата „Диши“ од Дилан Мекмилан во режија на Димче Николовски, ја започнува новата сезона на претстави за оваа година.
– До крај на месец јануари предвидено е да се одиграат осум претстави: новата претстава „Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, чија премиера беше на 29 декември 2021 година, „Птица со главата меѓу нозе“, чиј текст и режија се на Коле Ангеловски, а премиерно беше изведена на 10 ноември 2021 година, „Мојот маж“ која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска, а во режија на Нела Витошевиќ, „Странци“ од Паоло Геновезе, во режија на Нела Витошевиќ, „Чудесна терапија“ од Даниел Глатауер, во режија на Димче Николовски, „Партија реми“ од Доналд Ли Кобурн, во режија на Виолета Џолева и „Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Јане Спасиќ, сооштија од НУ Драмски театар.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев