Избори
Во просториите на Државната Изборна Комисија во Скопје денеска се одржа извлекувањето на бројчињата за кандидатите-градоначалници. Во три општини во коишто во моментов има вршители на должноста градоначалник ќе се одржат локални избори. Во општина Ново Село поради оставка на градоначалникот, а во Дебар и Охрид поради починување на градоначалниците.
Социјала
Министерството за труд и социјална политика најостро ги деменатира невистините изнесени во денешната изјава од „Хендикеп плус“, дека со предложениот закон за социјална заштита се кратат правата на лицата со попреченост. Хендикеп плус упати прашање до министерката Мила Царовска, кога ќе почне да има дебати со лицата со хендикеп и да ги слушне нивните реални проблеми.
Од министерството преку своето соопштени упатуваат дека ги познаваат реалните проблеми и дека со новата законска регулатива се унапредуваат правата и тоа преку неколку основни начела: член 15-начело на еднаков третман и недискриминација, член 17 – начелото на партиципативност, член 18 – начело на индивидуализација, член 22 – начело на најдобар интерес.
ЦИВИЛ – активности
ЦИВИЛ – Центар за слобода непрекинато и безмилосно ги осудува сите форми на говор на омраза и поттикнување на секаква форма на екстремизам во нашето општество.
Екстремизмот во нашето општество и во системот е долгогодишна операција од која нема да се ослободиме ако се молчи и ништо не се презема. Можеби со огромно задоцнување, но мора да се започне веднаш, денеска. Според законите и стандардите што веќе ги има во нашето законодавство!
„Затоа, ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човековите права и слободи, бара од институциите да поведат сметка за законитоста, почитувањето на човековите права и слободи, како и за безбедноста на сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија. ЦИВИЛ ги осудува говорот на омразата и поттикнувањето на насилство во секаква форма и очекува од Владата и секое министерство и институција на локално и национално ниво, да расчистат со екстремисти во своите структури. Активистите за човекови права не се должни да ја работат работата на институциите!“, се вели, меѓу другото во соопштението на ЦИВИЛ по објавениот Фејсбук статус со екстремен говор на омраза од страна на припадничка на АРМ.
ЦИВИЛ-Центар за слобода организираше уште еден дводневен регионален семинар за граѓанско новинарство викендов во Штип.
На овој дводневен семинар беа опфатени најразлични теми кои им помогнаа на граѓанските новинар(к)и да се стекнат со вештини и практични знаења од областа на новинарството, но и човековите права и слободи, изборните процеси и општествено политичките случувања. Тие исто така се запознаа со основите на изброниот мониторинг, и навременото и објективно информирање и известување за општествените и политичките процеси.
На семинарот беа претставени и новите компоненти на проектот, кои на слушателите им овозможуваат директно учество во имплементацијата на проектот, како на медиумската платформа, така и во работата на ЦИВИЛ како огранизација за човекови права.
Интервју
Во пресрет на шестите претседателски избори во Република Северна Македонија, во рамките на предизборни интервјуа со релевантни личности од општеството и политиката, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„ Министерството за внатрешни работи, како и за сите изборни процеси, така и за претседателски избори, ги презема сите надлежности што се предвидени со Изборниот законик. Ние сме во директна корелација со Државната изборна комисија и нашата прва активност започна веднаш по распишување на изборите со тоа што се доставуваат податоците до ДИК за формирање на Избирачкиот список. За нас многу важно е да обезбедиме мирна, стабилна и безбедна атмосфера за политичките партии за време на изборите. Во таа смисла, МВР се подготви максимално, односно по сите прописи, да бидеме успешни и во создавање на една ваква атмосфера во Република Северна Македонија“, изјави меѓу другото Спасовски.
Мониторинг
Комисијата за кадровски прашања на ЦИВИЛ денеска започна со финализирање на одлуките по апликациите за набљудувачи на претседателските избори. Интересот да се стане набљудувач на ЦИВИЛ е изненадувачки голем и повеќекратно го надмина бројот од 160 набљудувачи колку што организацијата може да акредитира во овој изборен процес.
Првичните резултати ќе бидат познати веќе во текот на денешниот ден, а одлуките за статусот на апликациите ќе бидат доставени до кандидат(к)ите најдоцна до среда, 27 март.
На сцена, како и за време на парламентарните избори во 2016 година повторно е црната кампања, од која не е поштеден ниту еден кандидат. Се пишува за децата на кандидатите, се вадат стари изјави на кои им се дава нов контекст, сѐ со цел дискредитирање на противникот.
ЦИВИЛ повеќе пати констатираше и ја алармираше јавноста за присуството на говор на омраза и црната кампања, како и предвремен почеток на предизборната кампања во овој изборен процес.
Д.Т.