Владата денеска го објави Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки и дополнување на Уставот на Република Македонија на својата веб-страница.
Предлогот ги содржи четирите суштински промени во Уставот и нуди образложение за секоја точка поединечно. Додавање на придавката Севрена во името на Република Македонија, измени во Переамбулата на Уставот, поцврста гаранција за границата и грижа за Македонците и дијаспората во странство се она што предлага Влада до Собранието.
Во образложението за придавката Северна во името на државата е имлементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапот до ЕУ и НАТО. Исто така, во образложението се дадени и оштите насоки и услови во ратификација на Договорот со Грција и објаснување за тоа што подразбира технички, а што политички преоден период во согласност со постигнатиот договор.
Што се однесува до измените во Переамбулата на Уставот се подразбира дека при наведување на државно-правните традиции ќе се внесе повикување на првото заседание на АСНОМ со конститутивни одлуки, односно одделно ќе се именуваат сите одлуки на АСНОМ.
Со поцврста гаранција за границата се гарантира трајност на границите, а под суверенитетот и грижа за Македонците и дијаспората во странство значи без мешање во суверените права на други држави.
Б. Ј.