Првата верзија на Законот за ветинг што ДУИ вчера им ја достави на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ предвидува формирање агенција задолжена за ветинг на сите функционери од претседателот на држава до член во совет на општина.
ДУИ вчера информираше дека првите коментари од пратениците ги очекува и дека се надева дека партиите заеднички ќе поднесат едно законско решение, кое ќе биде поддржанo од сите.
Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, денеска на прес-конференција изјави дека добил информација за предлогот на ДУИ, но уште не го разгледал. Како што изјави Костадинов СДСМ сметаадека Државната комисија за спречување на корупција, што сега ја врши контролата, е сосема добро решение.
Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, го нема разгледано, но како што изјавија мислат дека контрола мора да постои и предлогот на ДУИ е за поздравување.