• Latest
Седиштето на ДКСК

Преглед на настани: Антикорупциска се сомнева во вмешаност на функционери во злоупотреба на лични податоци и перење пари од обложувалници, претрес во фирмата на Рашковски, МВР и ДЕА во заедничка акција…

April 9, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Антикорупциска се сомнева во вмешаност на функционери во злоупотреба на лични податоци и перење пари од обложувалници, претрес во фирмата на Рашковски, МВР и ДЕА во заедничка акција…

April 9, 2021 17:24
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Седиштето на ДКСК

Седиштето на ДКСК

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ДКСК предложи итна проверка на Законот за игри на среќа поради сомнеж за злоупотреба на лични податоци

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница предложи итна проверка на Законот за игри на среќа бидејќи при проверка на имотно-правна состојба на избрани и именувани функционери и вистинитоста на доставените податоци, открила злоупотреба на лични податоци и сомнежи за перење пари од обложувалници.

ДКСК открила случај на сомнеж на злоупотреба на личните податоци на граѓаните и можност за перење пари. Како што соопштија од ДКСК 40.000 евра се ставени на даночните пријави без знаење на граѓаните.

ИЗЈАВИ

Макрадули: Со прогласување на Пошта за загрозен споменик го ставаме на виделина нашето европско наследство во опасност

Со прогласување на поштата на еден од седумте најзагрозени споменици во Европа, ние го ставаме на виделина нашето европско наследство во опасност, подигнуваме свесност и го трасираме патот кон одржлива иднина на избраните локалитети, рече денеска генералниот директор на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули.

Макрадули  посочи дека избраните седум најзагрозени локалитети добиваат грант за наследство од Институтот на ЕИБ, во висина до 10 илјади евра по локалитет.

– Се направи првиот чекор, не смееме повеќе да дозволиме нашата негрижа да биде пострашна од пожарот. Овој почеток нека биде поттик за мобилизирање на потребната јавна, стручна, меѓународна, но и поддршка на приватниот сектор, додаде директорот на „Пошта“.

Според Макрадули, неопходна е институционална, техничка и кадровска поддршка од Владата и другите релевантни институции, како и од целата научна и стручна јавност, но и тимска структура за јавен интерес

Листата на номинирани седум најзагрозени споменици и локалитети со наследство во Европа за 2021 година беше објавена вчера од страна на Европа Ностра – Европскиот глас на граѓанското општество посветено на културното и природно наследство и неговата партнерска организација, Институтот на Европската инвестициска банка (ЕИБ).  А.Д. „Пошта“ е дел од оваа листа.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРЕТРЕС Шефицата на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, за „360 степени“ потврди  дека во моментот прибираат докази во рамки на предистрагата отворена за случајот со софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81.000 евра што го набави поранешниот ген-сек на Владата, Драги Рашковски.

АКЦИЈА Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави на неговиот ФБ профил дека во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник.

СЛУЧАЈ ДВОЈНИК „Не коментираме истраги што се во тек. Амбасадата на САД има тесна соработка со Министерството за внатрешни работи, како и со другите владини министерства и институции во Северна Македонија, за да се постигнат заедничките цели за спроведување на законот и владеење на правото, вклучувајќи регионална соработка за спроведување на законот и борбата против тероризмот“, изјавија од Амбасадата на САД.

ПРАВИЧНОСТ  ПРИ ИМУНИЗАЦИЈА Народниот правобранител препорачува Владата да изврши измена на постојниот Национален план за вакцинација против Ковид-19 и во приоритетни групи да се опфатат лицата со попреченост, давателите на услуги за поддршка на овие лица, без разлика дали тоа се членови на нивното семејство или се ангажирани лица задолжени за давање грижа, нега, третман, рехабилитација, образование и како и лица кои им пружаат услуги на лична асистенција.

ЛАЖНИ ВЕСТИ

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ  детектираше  лажна вест објавена на порталите Лидер, Курир, Република, Нетпрес  дека е украден полициски коњ од одделението на МВР во Хиподром, со цел да се дефокусира јавноста откако пред неколку дена во МВР беа уапсени 9-мина вработени како дел од операцијата „Двојник“, бидејќи издадоа и продадоа 215 македонски пасоши со туѓ (лажен) идентитет, на членови на меѓународни криминални групи и на нарко-картели, лица со висок ризик и барани со меѓународна потерница.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Професорка од средното економско училиште во Тетово, шири говор на омраза и навредливи зборови за ромската етничка заедница на својот профил на Фeјсбук, а најостра реакција против неа доаѓа од ученик Албанец кој на професорката и одржи лекција за човечност.

Професорката од Тетово се извини на Ромите, изјавата се однесувала на лажната солидарност кон нив

Нашиот тим разговараше и со директорката на средното економско училиште “8 Септември”, Мирјета Иљази, која вели дека е зачудена и не верува на тоа што прочитала. Иљази вели дека професорката во нејзината работа и активности не покажала ниту еднаш елементи на омраза и навреда кон никого, но сепак тврди дека ќе разговара со неа и ќе го расчистат случајот до крај.

“Зачудена сум од таквата содржина и секако ќе разговарам со професорката да се запознам со повеќе детали. Инаку професорката до сега во ниту еден случај не изразила омраза или навреди кон ниту еден ученик, колега од ниту една етничка заедница. Напротив, таа е позната како слободоумна и е најактивна во активности кои се поврзуваат со соживотот. Работеше на активности на денот на Европа, Светскиот ден на екологија и многу други активности, сите со мешовит состав на ученици од многу заедници”, одговори директорката Мирјета Иљази.

“Не сум против Ромите, но иронично сакав да го изразам револтот кон оние кои на Фејсбук го сакаат целиот свет и секоја кауза ја претвораат во можност за пишување статуси со кои го задоволуваат своето его. И поддршката за Ромите треба да биде институционална. Секој ден ги навредуваат, ги газат со коли на раскрсници, ги земаат да чистат по куќи, а ги плаќаат помалку, ги прават крадци кога им текне, бегаат од нив како од зараза, а потоа во април се сеќаваат на нив со песни и лајкови по Фејсбук. Мојот протест беше овој, и иронијата беше оваа”, напишала Фејзули по објавата на текстот во Цивил Медиа.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Екипата на ЦИВИЛ денеска го снимаше првиот журнал за месечните активности на иницијативата Направи Разлика: Почитувај ги различностите

Иницијатива на ЦИВИЛ Направи разлика: Почитувај ги различностите

Направи разлика: Почитувај ги различностите е иницијатива на ЦИВИЛ за промоција на различностите и европските вредности, кој се спроведува од почетокот на март годинава. И со овој проект, ЦИВИЛ, заедно со големиот број учеснички и учесници, ќе придонесе кон изградба на општество во кое различностите се почитуваат и доживуваат како предност, богатство и квалитет.

Овој проект е продолжение на нашата заедничка иницијатива „Обединети во различноста“ која ја започнавме минатата година, но воедно е и продолжение на нашите заложби, стари колку и нашата организација (22 години).

Јавни личности, уметници, активисти и интелектуалци ќе говорат и ќе пишуваат за богатството на нашето општество кое го носат различностите и европските вредности, како што се почитувањето на човековите права и слободи, слободата, еднаквоста и правдата.

Како и секогаш, ЦИВИЛ е отворен кон прилозите на сите граѓанки и граѓани кои можат да го искажат своето мислење или да испратат свои креативни трудови со пораки за почитување на различностите и промоција на европските вредности.

Почитувањето на различностите во политиката, пат кон создавање силно, прогресивно и среќно општество

Владите, политичките партии и заедниците ширум светот се стремат да го oсвојат гласот и интересот на нивните избирачи со вклучување на репрезентативната политика во нивните програми, за да постигнат подобар социјален, економски и политички напредок. Овој концепт на партиципативно управување или процес се нарекува политичка разновидност.

Д. Тахири 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ