• Latest
ОЈО, фото Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Преглед на настани: Избор на нови обвинители, механизми за подобрување на меѓуетничките односи, „Трајаново трло“ место на страв…

April 22, 2021
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Избор на нови обвинители, механизми за подобрување на меѓуетничките односи, „Трајаново трло“ место на страв…

April 22, 2021 17:46
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
ОЈО, фото Б. Јордановска, ЦИВИЛ

ОЈО, фото Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Избор на нови јавни и виши обвинители

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, обвинителите Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Сашо Рајчев, Наум Пановски и Снежана Бундалевска – Георгиевска беа избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. Обвинителите Фетаи и Рустеми се од поранешното Специјално јавно обвинителство, Пановски доаѓа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, додека Рајчев и Бундалевска-Георгиевска од Јавното обвинителство Скопје.

Советот на обвинители на денешната седница за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Хоџиќ, АОПЗ: Ќе ги искористиме сите наши механизми за соработка и координација со надлежните институции за подобрување на меѓуетничките односи во Кочани

„Агенцијата за остварување на правта на заедниците (АОПЗ), покрај тоа што нема директни законски надлежности за вакви случаи, ќе ги искористиме сите наши механизми за соработка и координација со надлежните институции, со цел за надминување на постоечката состојба и подобрување на меѓуетничките односи во Кочани. Дополнително, ве информираме дека како АОПЗ активно соработуваме со критичките невладини организации на помалубројните заедници. За конкретниот случај, во текот на оваа недела, ќе имаме состанок и со дел од невладините организации кои работат на остварување, промовирање и заштита на правата на Ромите“, изјави Џелал Хоџиќ заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците за ЦИВИЛ за случајот со претепаното дете во кочанско „Трајаново трло“.

ТЕМА НА ДЕНОТ: МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Кочанско „Трајаново трло“, каде што луѓето се плашат од секој звук…

Тимот на ЦИВИЛ го посети Кочани по неколкуте инциденти што се случија во изминатиов период. Тие разговараа со градоначалникот Николчо Илијев, претставници на невладини организации, како и со неколку граѓан(к)и од Трајаново трло.

„Сите Роми не се крадци. Полицијата нека ги фати ајдуците кои крадат по куќите низ Трајаново трло“, вели Милица Иванова во разговор со екипата на ЦИВИЛ која раскажа како „параполицајците“ го претепаа нејзиниот внук, ни крив ни должен.

Таа додава дека Ромите што живеат во тоа маало веќе не поминуваат низ главната улица, бидејќи се плашат да не бидат претепани од „домобраните“. Таа вели дека до продавница одат криејќи се преку „козји“ патеки како да се во „турско време“.

 Градоначалникот на Кочани,  Николчо Илијев, за ЦИВИЛ изјави дека нема да дозволи да се нарушат меѓуетничките односи и секој проблем ќе се решавава со дијалог и разговор. Тој  додава дека случајот со тепаното дете во кочанско „Трајаново трло“ (на 11 април) е изолиран случај и не е поврзан со протестот каде што група граѓани на 8 април протестираа да престанат кражбите и нападите во нивните домови. Но, тие протестираа и да не се изгради нова населба до нивната каде би требало да бидат сместени лицата кои нелегално живеат во Старата касарна во Кочани.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РЕАКЦИЈА Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ од каде продолжуваат со изнесување на невистини поврзани со промените во образовниот систем кои многу одамна, вклучително и во времето кога оваа политичка партија раководеше со институциите на системот требаше да се случат.

ОБРАЗОВАНИЕ Промовирана национална платформа за електронски упис на првачиња. Уписот е во мај како и во минатите години, но годинава родителите не е потребно да доаѓаат во училиштата, туку документите за своите деца ќе ги поднесат онлајн преку националната платформа за електронски упис на првачиња.

ПОРАКА Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека околу 750 лица вработени според Рамковен договор се веќе распоредени по институции, 350-360 остануваат за дораспоредување, поради правни формалности, постапка за засновање работен однос, префрлување на соодветните финансии од една институција на друга. Тој им порача на сите директори кои прават отпор да не прават отпор, заради тоа што имаат потреба реално, а тоа се наши граѓани и секој ја има шансата чесно да ја работи својата работа, односно да работи.

БАРАЊЕ ДКСК на денешната седница му предложи на Јавното обвинителство да ги преземе сите истражни дејствија, да ги обезбеди сите неопходни докази, да ги утврди сите релевантни факти и да донесе законита и правична јавно – обвинителска одлука во однос на реализација на ДУП „Голем ринг“ и надлежните во период од 2013 – 2017 година за злоупотреба на  својата службена положба и пречекорување на границите на службеното овластување

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 22 април е Денот на планетата Земја, меѓународен настан кој се слави низ целиот свет за да се заложи за поддршка на заштитата на животната средина. 2021 година ја одбележува 51-годишнина од годишните прослави. Тема на оваа година за Денот на планетата Земја е „Врати ја нашата земја“.

МОБИЛИЗАЦИЈА Жителите од Ново Маало, вчера и официјално поднесоа петиција до Владата и Општина Центар со која бараат итно да постапат согласно законите и да овозможат изградба на комплексот кој е предвиден да се гради на паркингот на Холидеј Ин. На петицијата, како што велат, се потпишаа повеќе од 330 жители на Ново Маало, но и соседи од Градски ѕид и граѓани кои го разбираат нашиот проблем и ни даваат поддршка, за што им упатуваме благодарност. Денеска најавуваат мобилизација на правен тим во одбрана на нивните ставови.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ денеска продолжи со видео продукција на пораки од познати личности, како дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“. Тимот на ЦИВИЛ денеска беше на сет со актерот Перо Арсовски, во одлична и продуктивна атмосфера во Градскиот парк, Скопје.

Перо Арсовски, видео порака како дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“/ Фотографија Џ. Дерала, ЦИВИЛ

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во Македонија сум влегла во голем број куќи во кои нема апсолутно ниту една книга. Сум сретнала многу деца кои не стапнале во библиотека. Знам многу возрасни на кои библиотеката им е најдосадното место на светот.

И, сето ова нема никаква врска со учебниците.

Учебниците се помагала со кои им стојат на располагање на учениците полесно да стекнат одредени знаења и вештини.

Тие треба да им понудат методи за пребарување, за поставување прашања, за поврзување на нештата. Треба да бидат флексибилни и да ги следат најновите сознанија. Треба да бидат алтернативни, за да може ученикот да научи да гради сопствен став и мислење. Да бидат интерактивни, за да го внесат ученикот во светот на причинско-последичниот начин на размислување, сумирање и изведување заклучоци“, пишува професорката Мирјана Најчевска во Лесно е да бидеме еднакви во лошото

„Навистина, како не се најде еден паметен, образован, чесен и искрен човек во тие разбојнички гнезда што цицаат пари од буџетот, а изгледа дека имаат и купишта црни пари за пропаганда против иднината на оваа земја? Та нели повеќето од нивните шефови се професори или носат разни академски титули, а во извршните и советодавните тела имаат разни академски „величини“? И азилантот, другарчето на Виктаторот од Будимпешта им стана доктор на науки, нели? Зошто тогаш толку глупост и црнила, шлајфување во калта на омразата и деструкцијата?

Се разбира, ова се реторички прашања на кои одговорот е едноставен. Да се носи академска титула и да се биде шеф во оваа земја, не значи дека некој е паметен. Па дури и да е паметен, не значи дека нема криминален ум. Се работи за одговорноста и за вредностите на човекот. И, ако се најде некој што со одговорност и чест ги употребува своите вештини и знаења за да поита кон иднината, веднаш го ставаат на стрелачкиот ѕид на пропагандата“, вели Џабир Дерала во деншниот РАФАЛ Судот на „народот“.

Б. Јордановска

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ