• Latest
Фото: ТВ21 (скриншот)

Преглед на настани: Осум години за Мијалков, каде беа и каде се денес главните луѓе на режимот, ДЕА ја поддржува македонската анти-нарко борба

April 13, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Осум години за Мијалков, каде беа и каде се денес главните луѓе на режимот, ДЕА ја поддржува македонската анти-нарко борба

April 13, 2021 16:51
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Фото: ТВ21 (скриншот)

Фото: ТВ21 (скриншот)

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Паднаа пресудите за случајот „Трезор“: Мијалков доби осумгодишна казна затвор

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска паднаа пресудите за предметот „Трезор”, случај кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Судот денеска четворицата обвинети ги прогласи за виновни.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков како првообвинет за случајот е осуден на единствена казна од 8 години затвор, додека поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски доби 5 затворска казна , а поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ казна затвор од 5 години, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски е осуден во отсуство на 15 години затвор. Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Маричиќ:  Пет години подоцна, да погледнеме каде биле тогаш, а каде се денес главните луѓе на режимот

„Настаните поврзани со Шарената револуција, по мое мислење, го сменија текот на  историјата на нашата држава, го сменија правецот по кој што се движеше политичката криза, и мислам дека тоа беше точката која ја прелеа чашата кај сите, или кај огромен број граѓани по повод режимот на Груевски. Да не заборавиме што беше поводот, за Шарената револуција, тоа беше потпишувањето на масовната аболиција за сите оние коишто беа под некаква истрага, или што имаа некаков случај  од поранешното Специјално јавното  обвинителство. Чинот на аболиција, или желба, со политички акт да се укине борбата за правда и слобода беше повод  луѓето масовно да излезат на улиците“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ, на одбележувањето на Пет години Шарена револуција, во организација на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ одбележа пет години од Шарената револуција, денот на граѓанскиот пркос.

ЦИВИЛ ја одбележа петгодишнината од Шарената револуција со одличен и динамичен настан, на Денот на граѓанскиот пркос, 12 април, како ден на борбата за човековите права и слободи, правда, еднаквост, против еден десетгодишен режим против демократијата.

На настанот говореа Владанка Димковска, актерка и активистка, Сашо Орданоски, политички аналитичар Бојан Маричиќ, министер за правда, Кате Колозова- професорка, Ненад Јовановиќ, експерт, Ацо Кондев, фотограф, Јане Ѓорѓиоски,  новинар и активист, професорката Мирјана Најчевска, Павле Богоевски, активист, Зоран Иванов, новинар, Миле Милановиќ, активист, Агрон Биба, автор и актер како учесници во Шарената револуција, како и во низа други протести за демократија, правда, слобода и еднаквост во нашата земја, како и Дехран Муратов и Петрит Сарачини од тимот на ЦИВИЛ. Настанот го модерираше Џабир Дерала.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КОВИД-19 Вакцина против Ковид-19 досега примиле над 26.000 граѓани, расте интересот за вакцинирање

ПРАВДА ДЕА ја поддржува борбата со нарко трговијата во Северна Македонија.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) соопшти дека како грански синдикат и член задутре ќе го поддржи предупредувачкиот протест на  Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), зашто смета дека заштитата на сопствените интереси, во согласност со законите и колективните договори, мора да се бара преку искажување јавно незадоволство бидејќи нема слух од надлежните.

ГОВОР НА ОМРАЗА Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележа експлицитен говор на омраза, закани по живот и пцости од Љупчо Грков, којшто се обраќа во живо на својот Фб профил.

ПОЛИТИКА Направен е исчекор околу законот за државјанство на средбата на премиерот Зоран Заев со лидерите на опозициската коалиција Алтернатива и Алијанса за Албанците Африм Гаши и Зијадин Села.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Не само што не успеавте да најдете ништо спорно оти нема, не само што ви ги спакував како пакетчиња тепачите и провокаторите што ми ги праќавте. Ви се спротивставив и на лично ниво ве победив, и вас, и вашите тепачи, и вашите слуги во институциите и во медиумите. И, го дадов мојот скромен придонес за да бидете таму каде што се сега – лишени од можноста да крадете, тепате, шиканирате, па и убивате.  Оваа хајка којашто ја спроведувате ќе ја издржам, и пак ќе ве победам.“ пишува Петрит Сарачини во  „ПОСЛУШАЈТЕ ИДИОТИ!“

И.К.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ