Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на покана на канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, утре ќе ја предводи владината делегација во еднодневна работна посета на Тирана.
Според агендата, Заев ќе присуствува на работната средба на канцеларката Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан, а во текот на попладнето заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел.
Во рамки на еднодневната работна посета, планирано е премиерот Заев да го посети и Македонскиот културен центар во Тирана.