Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел ќе учествува на годинашниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација.
За време на посетата предвидена е и средба меѓу Заев и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, a македонскиот премиер ќе одржи и заедничка прес конференција со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.