УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Кога човек ги слуша лидерите на партиите во чии имиња стојат именките или придавките од „националностите“ на нивната идеологија, жал да го фати за длабоката маргина во која се потонати искрените, националистички, крајни десничари. На пример, еден Тодор Петров веќе не е ни фуснота во предизборните стратегии на разните опскурни „приврзоци“ кај вмровците.
Какво време дојде, само Апасиев пискаво ветува сечење раце и глави. На комитските теревенки орелскиот „маникир“ на Љубиша Георгиевски веќе не се ни памти, а се пеат само етнички „коректни“ нумери, како да си на некаква другарска вечер на медицински сестри во Врњачка Бања. Ни на Гоце „Вегета“ не му текна да посоли „Зачинал“, а ќе го враќаше во употреба знамето од Вергина!, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Победата е наша, а поразот само нивен!”.
ИЗБОРЕН РАПОРТ
ЦИВИЛ ќе сподели нови податоци и анализи од мониторингот на изборите во 25-то издание на ИЗБОРЕН РАПОРТ в понеделник, на 25 октомври, со почеток во 12 часот. Преносот ќе се одржи од вообичаената локација, прес студиото на ЦИВИ во бизнис центарот „Палома Бјанка“, на 3. кат.
Најмногу три новинарски екипи, со претходна најава на мејлот [email protected] ќе бидат прифатени со физичко присуство. Другите заинтересирани можат да побараат линк од Зум на истиот мејл или по телефон 070 699 580.
Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
НАСТАНИ
АНТИКОРУПЦИСКА: Прес-конференција на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со ЕК извештајот за напредокот на РСМ.
КОНФЕРЕНЦИЈА: Конференција посветена на земјоделското производство и прехранбената индустрија насловена: „Разговори со лидери – Градење на отпорни и одржливи земјоделско-прехранбени системи – предизвици и решенија за земјите од Западен Балкан”.
КОВИД-19: Онлајн разговор со познатиот научник д-р Иван Џикиќ на тема: „До каде сме во битката со КОВИД-19“.
КУЛТУРА: Вирално одбележување на Меѓународниот ден на операта во Република Северна Македонија со сопранот Ана Дурловски, авторка на македонската порака по повод денот на операта.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев