• Latest

Пресек: Невладините со организиран одговор против црната пропаганда, Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

May 14, 2021

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пресек: Невладините со организиран одговор против црната пропаганда, Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

May 14, 2021 17:35
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Иницијатива на 13 граѓански организации: Време е за организиран одговор против црната пропаганда, дезинформациите и говорот на омразата

Тринаесет граѓански организации го потпишаа денешното соопштение за јавноста под наслов „Време е за организиран одговор против црната пропаганда, дезинформациите и говорот на омразата“.

„Време е граѓанското општество, сфатено во најширока смисла на зборот, да преземе иницијатива и едногласно да ги отфрли секојдневните дезинформации и говорот на омразата во кои не изостануваат отворените повици на насилство во јавната комуникација. Голема е потребата за организирано, гласно и недвосмислено дејствување против сите облици на радикално дејствување на одредени политички структури во земјава, особено против кампањите со дезинформации и говор на омразата во јавниот, општествениот и политичкиот дискурс во Северна Македонија“ – се вели, меѓу другото, во денешното соопштение.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зеф Мази: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги одржат првите меѓувладините конференции и да ги почнат преговорите

Северна Македонија и Албанија во март лани добија зелено светло за  почеток на преговорите и двете земји заслужуваат да ги одржат првите меѓувладините конференции и да ги почнат преговорите без никакво одложување, порачаа  на заедничката прес-конференција во Скопје министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорот Зеф Мази, главен преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ. Мази, изрази очекување дека процесот на проширувањето мора да продолжи и дека и двете земји во јуни ќе добијат датум за првите меѓувладини конференции.

„Ние се надеваме силно дека ЕУ ќе најде сили процесот на проширување да продолжи. Ние, Албанија и Северна Македонија нема да заминеме со празни раце на 22 јуни годинава кога е последниот состанок на Советот на општи работи под претседателство на Португалија. Првата Меѓувладина конференција се надеваме дека треба да се одржи ова полугодие и да не се доведе во прашање основната вредност за заслугите. ЕУ ги цени заслугите на секој кандидат. Албанија ги исполни сите барања, процесот на реформи продолжува. Се надеваме дека нема да се закочи процесот на интеграција на нашите две земји“, рече Мази.

ЦИВИЛ ВО ЖИВО: Време е за организиран одговор против црната пропаганда

Време е за организиран одговор против црната пропаганда, повика Џабир Дерала во денешното издание на ЦИВИЛ во живо на Фејсбук, цитирајќи го денешното соопштение кое го потпишаа 13 граѓански организации.

Дерала ги повика гладачите да го прочитаат соопштението, да го поддржат, да дадат свои сугестии, но најважно од се, да пријавуваат случаи на дезинформации, говор на омразата, теории на заговорот и се што сметаат дека е непожелно во јавниот дискурс, медиумите и социјалните мрежи.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“, на 18 мај ( среда), во хотелот Парк Резиденс ( зад градскиот стадион) во Скопје, со почеток во 13 часот.

Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.

Какви се состојбите и трендовите во Северна Македонија во поглед на заштитата од дискриминација? Со кои предизвици се соочуваат институциите, заедниците, медиумите и општеството во целост во областа на меѓуетничките односи и заштитата од дискриминацијата? Кои се перспективите на нашето општество во поглед на промоцијата на европските вредности, а во таа смисла и негувањето на еднаквоста и мултикултурализмот, како и заштитата од дискриминацијата во нашата земја? Тоа се дел од прашањата на кои ќе се обидеме да одговориме заедно со Вас на овој јавен настан.

ЦИВИЛ денеска продолжи со видео продукција на пораки од познати личности, како дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“. Тимот на ЦИВИЛ денеска беше на сет со Цамбо Агушев, во центарот на Скопје.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КОВИД-19 Од НУК бараат да се укине и забраната за настап на музички групи во угостителските објекти и да се дозволи одржување на настани, прослави и веселби во сите угостителски објекти согласно предлог-протоколи што треба да се изготват.

Околу 40 илјади дози од вакцината „Астра Зенека“ обезбедени преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во земјава, а веќе утре 100 илјади вакцини од кинески „Синофарм“ кои се донација од кинеската Армија.

Министерот за здравство вели дека сè уште е рано да се тргне препораката за носење маски на отворено и најави дека за тоа ќе се разговара на почетокот на следната недела на состанок на Комисијата за заразни болести.

Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет и да ја оставиме оваа тешка здравствена криза зад нас. Само така, со заедничка одговорност придонесуваме кон колективното јавно здравје и само така побрзо ќе заврши оваа борба со пандемијата и со Ковид-19.

ОПШТЕСТВО Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски денеска на Криволак ќе учествуваат на брифинг за новинари за претстојната вежба „Одлучен удар 21“.

Заев и Пајат ги потврдија придобивките од Договорот од Преспа и регионалните економско-енергетски иницијативи.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржал состанок со дел од поранешните министри за здравство, со кои разговарал околу проектот за нов клинички центар. Генералниот заклучок, како што рече, бил дека веќе предолго се разговара за изградбата и оти таа треба да почне што побрзо, како и дека друго решение освен нов клинички центар, на ново место како гринфилд инвестиција, би било парцијално решение.

Од понеделник (17 мај) до втори јуни на армискиот полигон Криволак ќе се одржи меѓународната воена вежба „Одлучен удар 21“ во која ќе бидат вклучени над илјада припадници армиите на Република Северна Македонија, на САД, на Грција и на Бугарија.

ИНТЕГРАЦИИ Главниот ЕУ преговарач на Албанија Зеф Мази во Скопје.

Османи очекува наскоро средба со бугарскиот колега Стоев

Северна Македонија и Албанија во март лани добија зелено светло за  почеток на преговорите и двете земји заслужуваат да ги одржат првите меѓувладините конференции и да ги почнат преговорите без никакво одложување

ОБРАЗОВАНИЕ Вработените во високото образование и науката од септември ќе добијат за 10%, повисоки плати, а ќе им биде исплаќан и минат труд, кој само некои од установите го исплаќале досега, откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК за првпат потпиша колективен договор со Министерството за образование и наука.

Наставата од септември зависно од епидемиолошката состојба.

ПОЛИТИКА Мицотакис разви неколку идеи за тргање на бугарската блокада и помош на нашиот пат кон ЕУ.

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со Зеф Мази, албанскиот главен преговарач со Европската Унија на која биле разменети мислења и информации за перспективите за скорешно одржување на меѓувладината конференција за двете држави и формалниот почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија и на Албанија со ЕУ.

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

 ЛАЖНИ ВЕСТИ

Лажна вест е дека имало престрелка и убиени во Ченто

Од „пукање и убиства“, до „сообраќајна несреќа во Ченто“ има голема разлика. Дезинформациите и лажните вести во последниот период се засилуваат. Со вакви лажни вести се внесува страв и несигурност кај граѓан(к)ите и се порави обид да се разниша довербата во институциите, во случајов, во полицијата.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Луѓето се навикнаа да ги гледаат политичките партии како бироа за вработување, бидејќи ним не им значи многу како се формулираат политиките и како се практикуваат законите, договорите и принципите, туку голата егзистенција. Ако политичарите не се доследни, одговорни и транспарентни, ако само формално ги исполнуваат обврските, а вредно работат на задоволување на теснопартиските интереси и зацврстувањето на националистичките позиции и наративи, на „обичните смртници“ не им преостанува ништо освен да се прилагодат на диктатот на политиката и да ги собираат трошките од подот. Па, што биде, нека биде“, пишува Џабир Дерала во анализата под наслов „Кога решението ќе стане проблем“.

„Македонците, огромното мнозинство од нив, сè уште се водат од мислата дека Македонија е држава на Македонците. Овој менталитет кај нив произведува чувство на надмоќ кон Албанците и другите етникуми, хранејќи ги со идејата дека тие се единствените и легитимни сопственици на државата, којашто Албанците сакаат да им ја одземат. Следствено, ова го храни стравот од губење на статусот на привилегирани, произведува албанофобија, и во многу случаи, со изразени нијанси на шовинизам“ пишува Сефер Селими во колумната „30 години независност, 20 години Охридски рамковен договор – каде е Македонија!?“

И. Крџиќ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ