• Latest

Претседателот на РСМ го состави кабинетот, антикорупциска со нова пријава…

May 22, 2019
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Претседателот на РСМ го состави кабинетот, антикорупциска со нова пријава…

May 22, 2019 16:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Антикорупциска

Државната комисија за спречување на корупција денеска поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска Ставридис, поради неисполнување на законската обрска за поднесување на анкетен лист за имотната состојба.

Мандатот на директорката  од август 2017 постојано се продолжувач, а анкетните лисотив за имотната состојба ги поднела наеднаш на 15 мај оваа година.

Кривична пријава

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како Претседател и член на  Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија до јуни 2018 година, С.Ј. (61), вработена како член на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија, В.К. (65), вработен како член на  Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија до март 2017 година и Е.М.В. (51), вработена како член на  Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија до декември 2017 година, а поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 став 1 од КЗ на РСМ“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Интеркултурализам

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев присуствуваше на настан организиран од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, по повод одбележување на Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој, којшто е прогласен на 21 мај од Обединетите нации и УНЕСКО.

Настанот го отвори директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, кој им посака добредојде на присутните, и нагласи дека оваа манифестација ги заокружува активностите реализирани во рамки на „Неделата на заедничка молитва“, реализирана од 13 – 21 мај со цел да се поттикне соработката и дијалогот меѓу верските заедници, за стабилен и одржлив процес на градење доверба, пријателство и општество на вистински човекови вредности, на соживот и напредок.

Претседател на РСМ

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски е оформен и веќе се познати имињата на неговите членови.

Довчерашниот портпарол на Владата, Миле Бошњаковски сега е назначен за генерален секретар или шеф на Кабинетот, Билјана Радева е прес офицер, Бљерим Кољари е советник за национална безбедност, Александар Спасов е надворешен советник за внатрешна и надворешна политика, Гоце Карајанов е советник за надворешна политика, Тоше Зафиров е советник, Биљана Мицевска е шефица на протокол, Катерина Цаневска е советничка за медиуми, Љуљета Адеми е советничка која ќе ја води комуникацијата со лица со посебни потреби. Надворешни советници се Денко Малески, Александар Димитров и Александар Тавчиоски за надворешна политика, а Мирјана Лазарова Трајковска и Беса Арифи за правни работи.

Како надворешен соработник бил поканет и Блерим Река, но одбил формален ангажман.

Исто така Пендаровски го именувал Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање.

ЦИВИЛ  активности

ЦИВИЛ – Центар за слобода вчера, 21 мај во Велес одржи работилница „Заеднички против насилството“.

„Екстремизмот што се јавува во нашето општество треба да се искорени уште на самите негови  почетоци. Тие почетоци се токму во воспитно образовниот систем и затоа е потребно сите работници вклучени во овој процес заедно со локалната заедница активно да бидеме вклучени во спречување односно превенција од насилниот екстремизам. Неопходно е да имаме безбедна средина за живеење на локално ниво преку запознавање на локалните проблеми и градење на заеднички локални стратегии“, изјави Верица Тодоровска Дацева, раководителка на Одделение за јавни набавки во Општина Велес.

Екипа на ЦИВИЛ вчера ги посети и Лозово, Свети Николе и Велес, во рамките на проектот „Зелена Иднина“ во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел од Сараево, каде што разговараа со граѓанките и граѓаните за зелени алтернативи, антинационализам и проблемите со кои се соочуваат граѓаните од тие општини.

На инфо-штандовите на ЦИВИЛ граѓаните и граѓанките имаа можност да се запознаат со поврзаноста на овие три елементи, кои се предуслов за општество кое се стреми кон демократски вредности и напредок базиран на грижата за околината и иднината.

Тие исто така имаа можност активно да се вклучат преку испраќање на пораки до локалната и централната власт, да разменат мислења, ставови и информации, слободно и без ограничувања за темите од областа на социјалната правда, зелените иницијативи и антинационализмот.

Д. Т.

Share59Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ