Антикорупциска
Државната комисија за спречување на корупција денеска поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска Ставридис, поради неисполнување на законската обрска за поднесување на анкетен лист за имотната состојба.
Мандатот на директорката од август 2017 постојано се продолжувач, а анкетните лисотив за имотната состојба ги поднела наеднаш на 15 мај оваа година.
Кривична пријава
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како Претседател и член на Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија до јуни 2018 година, С.Ј. (61), вработена како член на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија, В.К. (65), вработен како член на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија до март 2017 година и Е.М.В. (51), вработена како член на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија до декември 2017 година, а поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 став 1 од КЗ на РСМ“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Интеркултурализам
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев присуствуваше на настан организиран од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, по повод одбележување на Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој, којшто е прогласен на 21 мај од Обединетите нации и УНЕСКО.
Настанот го отвори директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, кој им посака добредојде на присутните, и нагласи дека оваа манифестација ги заокружува активностите реализирани во рамки на „Неделата на заедничка молитва“, реализирана од 13 – 21 мај со цел да се поттикне соработката и дијалогот меѓу верските заедници, за стабилен и одржлив процес на градење доверба, пријателство и општество на вистински човекови вредности, на соживот и напредок.
Претседател на РСМ
Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски е оформен и веќе се познати имињата на неговите членови.
Довчерашниот портпарол на Владата, Миле Бошњаковски сега е назначен за генерален секретар или шеф на Кабинетот, Билјана Радева е прес офицер, Бљерим Кољари е советник за национална безбедност, Александар Спасов е надворешен советник за внатрешна и надворешна политика, Гоце Карајанов е советник за надворешна политика, Тоше Зафиров е советник, Биљана Мицевска е шефица на протокол, Катерина Цаневска е советничка за медиуми, Љуљета Адеми е советничка која ќе ја води комуникацијата со лица со посебни потреби. Надворешни советници се Денко Малески, Александар Димитров и Александар Тавчиоски за надворешна политика, а Мирјана Лазарова Трајковска и Беса Арифи за правни работи.
Како надворешен соработник бил поканет и Блерим Река, но одбил формален ангажман.
Исто така Пендаровски го именувал Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање.
ЦИВИЛ – Центар за слобода вчера, 21 мај во Велес одржи работилница „Заеднички против насилството“.
„Екстремизмот што се јавува во нашето општество треба да се искорени уште на самите негови почетоци. Тие почетоци се токму во воспитно образовниот систем и затоа е потребно сите работници вклучени во овој процес заедно со локалната заедница активно да бидеме вклучени во спречување односно превенција од насилниот екстремизам. Неопходно е да имаме безбедна средина за живеење на локално ниво преку запознавање на локалните проблеми и градење на заеднички локални стратегии“, изјави Верица Тодоровска Дацева, раководителка на Одделение за јавни набавки во Општина Велес.
Екипа на ЦИВИЛ вчера ги посети и Лозово, Свети Николе и Велес, во рамките на проектот „Зелена Иднина“ во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел од Сараево, каде што разговараа со граѓанките и граѓаните за зелени алтернативи, антинационализам и проблемите со кои се соочуваат граѓаните од тие општини.
На инфо-штандовите на ЦИВИЛ граѓаните и граѓанките имаа можност да се запознаат со поврзаноста на овие три елементи, кои се предуслов за општество кое се стреми кон демократски вредности и напредок базиран на грижата за околината и иднината.
Тие исто така имаа можност активно да се вклучат преку испраќање на пораки до локалната и централната власт, да разменат мислења, ставови и информации, слободно и без ограничувања за темите од областа на социјалната правда, зелените иницијативи и антинационализмот.
Д. Т.