Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека превирањата во Грција нема да ја доведат во прашање ратификацијата на Преспанскиот договор во Атина, бидејќи Алексис Ципрас и Панос Каненос ги усогласиле своите ставови со кој нема да ја загрзат спогодбата со Македонија.
И покрај критиките за начинот на кој е постигнато новото мнозинство, се очекува владата на Сириза да остане на власт со обновен мандат. Сириза која има 145 пратеници , се шпекулира дека обезбедила уште 6 гласа кои се потребни за мнозинсто од 151 пратеник во парламентот кој брои 300 места. Единствени кои ќе поднесат оставки од владините функции се министерот за одбрана Каменос и неговата заменичка Марија Колиа-Царуча.
На овој начин Владата на Грција ќе го помине изгласувањето на доверба кое треба да се случи задутре или во четврток, а доколку се случи спогодба помеѓу премиерот и коалицискиот партнер во заминување, ќе значи безмалку усвојување на Преспанскиот договор.
Се смета дека Ципрас е решен да го спроведе Преспанскиот договор, за да им докаже на САД и ЕУ дека е доверлив партнер. Западните партнери на Грција согласно нивните значитенли напори за усвојување на Преспанскиот договор, со олеснување ќе го дочекаат останувањето на грчката влада.
Каменос за да обезбеди влијание кое му е потребно за политичкиот опстанок на неговата партија, ќе остане лидер на неговата парламентарна група. Со што ќе се потруди да обезбеди повторно влегување во парламентот на следните избори.
Ј. М. П.