Учебната 2020-2021 година ќе се одвива преку Националната платформа за онлајн учење, која е инклузивна, едноставна за користење и нуди учење на пет јазици. Платформата е практична, лесна за користење и го доближува образованието и наставните содржини до учениците на каналите кои тие секако често ги користат.
Ученикот преку компјутер или телефон ќе може да ја гледа училницита и наставникот и ќе може да ги користи сите поставени аудио и видео материјали на платформата и да ги изработува домашните задачи, а наставата нема да биде здодевна и ќе има брзи квизови, тестови и други иновативни содржини.
Обуките за користење во прво ниво опафтиле 30 национални обучувачи, во второ ниво се опфатени 1 600 наставници номинирани за училишни обучувачи и тие понатаму ќе треба да ги обучат сите наставници на ниво на поедини училишта.
Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција за промоцијата на платформиата, ги повика сите и наставниците и родителите да го поддржат процесот, а на децата им порача да ги зграпчат сите можности, зошто доброто образование гради слободни граѓани.
– Пандемијата ја наметна потребата да согледаме зошто ни е потребен образовен систем во добра кондиција и дека посветено треба да работиме на негова дигитализација, реформа и подобрување. За прв пат создадовме единствена национална платформа за оналјн учење, што ја креиравме исклучиво со домашни ресурси и експерти. Ова не охрабрува и дава поттик за нејзино усовршување и прилагодување на потребите на секој ученик во нашата држава, изјави Заев.
Пандемијата, порача тој, недвосмиселно покажа дека како држава треба многу да научиме за планирање на инвестициите во образованието и колку е се тоа важно за сите нас.
Министерката за образование и наука Мила Царовска, рече дека подготовката на платформата е влог во иднината и модернизација на образованието.
– Платформата е првиот исчекор кон модернизација на образованието. Нова алатака, која сум убедена дека ќе биде значаен ресурс и по надминување на кризата со корона вирусот. Периодот што следи нема да биде лесен ниту за професиорите, ниту за родителите, ниту за учениците. Промените се секогаш тешки и прилагодувањето бара огромна жртва од сите нас, изјави Царовска.
Комбинираниот пристап што го избравме, Царовска изрази уверуавње, дека ќе обезбеди добар баланс меѓу обезбедување на добро образование и заштита на јавното здравје.
– Учениците ќе може да предлагаат надоградување и менување на платформата и со тоа директно ќе се вклучуваат во изработка на решенија што тие ги сметаат за прилагодени на нив. Платформата ќе овозможи учениците и просветните работници заедно да го унапредуваат нашети образование не само за сега, туку и за иднина, порача Царовска.
Национланата платформа за учење од далечина е резултат на соработка на МОН, Факултетот за информатички науки и компкутерско инжинерство и МАСИТ.