На прегласувањето на ИМ 2901 во Чаир до 16 часот гласале 226 граѓанки и граѓани. Атмосферата е мирна, иако тензична. Голем број припадници на полицијата го обезбедуваат објектот и околината на СОУ „Иднина“ кај што се гласа. Набљудувачите на ЦИВИЛ известуваат дека нема гласачи кои имале проблем со Избирачкиот список.
Неофицијално, на активистите на политичките партии им е укажано да не се приближуваат до објектот на училиштето.