Заклучно со денеска до 14 часот, преку веб апликацијата dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија доставени се вкупно 742 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.
Од нив, 702 пријави се прифатени, 11 се одбиени, а останатите се во обработка.
Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, ве информираме дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 1216 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 188, во Радовиш – 104 и Струмица – 101.
ЦМ