ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ: Рокот за собирање потписи за независни кандидатури за претстојните локални избори на 17 октомври заврши и според Државната изборна комисија, потребниот број потписи го собрале 25 независени кандидати за градоначалник, како и 57 групи избирачи за советнички листи. СОБРАНИЕ: Собранието денеска треба да ја продолжи 45-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе предлог законски решенија, барања за автентичко толкување и годишни извештаи за работата на повеќе државни иниституции и тела.
ОБРАЗОВАНИЕ: Новата учебна година за сите ученици од основните и средните училишта започнува денеска со физичко присуство и со посебни здравствени протоколи. Исклучок ќе бидат средните училишта во Тетово и Гостивар каде наставата ќе се одвива онлајн во првите 14 дена од почетокот на учебната година, а во Кичево и Струга во првите седум дена.
ДИПЛОМАТИЈА: Министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод денеска ќе претстојува во официјална посета на земјава. С. Македонија е првата земја од регионот што Кофод ќе ја посети, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.
ПОПИС: Националниот Блок „Не отворам врата“ ќе поднесе во Собранието официјално барање за одложување на пописот.
КУЛТУРА: Амбасадорката на Сојузна Република Германија Анке Холштајн ќе ги отвори Деновите на германскиот филм.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












