Во тек е полициска акција по наредба на ОЈО Кочани во врска со пожарот во клубот „Пулс“. Приведени се поранешните градоначалници на Кочани: Николчо Илијев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов. Акцијата ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации ќе има утре. Папазов, кој поднесе оставка по пожарот, беше на распит на 17 март, а неговиот статус во истрагата сè уште не е одреден. Димитровски беше градоначалник од 2009-2017, а Илијев од 2017-2021.