Воздухоплови на вооружените сили на Република Грција утринава спроведоа пробен прелет во воздушниот простор на Република Северна Македонија. Прелетот беше извршен за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“.
Целта на прелетот е проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.
Прелетите се во функција на подготовката и исполнувањето на условите од страна на РепубликаСеверна Македонија во делот на воздухопловството како идна рамноправна членка во системот на колективна безбедност, соопшти Министерството за одбрана.
Мисијата „Air Policing“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО.