Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери се сретна со европратеникот Стељос Кулоглу и добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, Видет Бушамауи. Претседателот Џафери ја поздрави причината и целта на нивната посета, кои се остваруваат во вистински момент кога во Собранието на Република Македонија се во тек активностите за заокружување на започнатите процеси за евроатланска интеграција на земјата, а тоа е – номинацијата на премиерите Зоран Заев и Алексис Цирпас за Нобелова награда за мир.
Мерка
Сите средни училишта на Град Скопје добиваат прочистувачи на воздух. Во 23 училишта, во секоја училница ќе поставиме вкупно 572 прочистувачи на воздух, Вредноста на прочистувачите е околу 11 милиони денари, истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Суд
Денеска во судот како еден од обвинетите во случајот на СЈО „Насилство во Центар“ се појави и Александар Трајковски, кој јавноста го виде на фотографијата со Никола Груевски во Будимпешта. Тој не беше расположен да даде изјава пред камерите, но во разговор со новинарите одговорил дека во Унгарија отишол бидејќи имал проблем со синусите за кој во Македонија не можеле две години да му постават дијагноза.
Александар Василевски-Нинџа кој е еден од обвинетите за настаните на 27 април во Собранието, како дополнителни докази за своите тврдења предложи 115 аудио материјали и 20 фотографии. Нинџа бара неговите докази да се претстават без присуство на јавноста.
Марш
Марш на „црвените чадори“ се одржа денеска во центарот на Скопје. На маршот тие порачаа: „Она што општеството го создава, системот има обврска да го згрижи“.
Публикација
ЦИВИЛ ќе ја претстави публикацијата „Губење на идентитетот или…?“ на 19 декември (среда), во хотел Сити Парк, со почеток во 13 часот. Идентитетот и идентитетските прашања се секогаш актуелни во јавниот, академскиот и политичкиот дискурс во светот. Во Македонија, овие прашања се извор на сериозни политички поделби и тензии, особено по историскиот Преспански договор меѓу Македонија и Грција во јуни 2018 година.
Д. Муратов