Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Маџар Телеком“ против поранешните генерален и финансиски директори на Македонски Телеком Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми.
На денешното рочиште се очекува како сведок да биде сослушан и поранешниот премиер Владо Бучковски во чие време е потпишан Протоколот меѓу Владата и Македонски телеком.
Судењето за „Маџар телеком” започна во 2011 година, а потоа случајот го презеде СЈО.
За злоупотреба на службената положба се обвинети генералниот директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи, финансискиот директор, Ролф Плат, како и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус.